Вооружени со пиштоли одзеле пари од бензиска во Струга а крадец украл пари од обложувалница во Лабуништа.
Полицискиот билтен денеска со информација за кража на пари од обложувалница ипари од струшка бензиска станица.На 02.08.2018 година во 10.45 часот во Полициското одделение Велешта, М.М. (31) од Струга пријавил дека во периодот од 23.00 часот на 01.08.2018 до 10.30 часот на 02.08.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во обложувалница во с.Лабуништа. Сторителот, со употреба на сила влегол во обложувалницата и од сеф одзел 66.200 денари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Вчера утро околу 03.45 часот во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштоли од вработените одзеле неутврдена сума на пари од дневниот пазар, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
