Родители на ученици од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид преку писмо доставено до медиумите реагираат на набавката на наметки и капи за матурантите од средношколската установа.
Во писмото стои:
-Сите ученици од 1ва до 4та година од средното охридско училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид се обврзани да плаќаат по 450 денари на својот класен раководител и истите тие пари наводно би биле наменети за да се набават наметки за фотографирање средношколци – матуранти. По наши сознанија овогодинешните матурантите веќе се фотографирани. Очигледно е дека раководството на средното охридско училиште е погодено од економската криза во Македонија и има потреба од дополнителни приходи, па дури користат ученици од ранливи категории со цел зголемување на нивниот приход. Ние родителите се прашуваме од каков скапоцен материјал ќе бидат изработени овие наметки? Дали ќе бидат со злато и дијаманти или можеби некои други скапоцени камења? Очекуваме одговор и објаснување од Директорот Сашо Недески и неговото раководство, очекуваме надлежните институции и невладини организации да застанат на страната на средношколците и нивните родители, стои во писмото испратено до меидумите.
Ученичката заедница и Совет на родители спроведоа постапка, менаџментот нема никакво влијание.
-Директорот ниту менаџментот нема надлежност во постапката. Тоа е иницијатива на ученичката заедница и Советот на родители во училиштето. Тие спроведоа анкета претходно и 65% од учениците се изјаснаа ЗА набавка на наметки и каши. Една чини 1700 денари, треба да се изработат 210 наметки и капи, се подели на 800 ученици и се додје до таа цена. Плаќањето не е задолжително туку солидарно покренато од ученичата заедница. Социјалните случаи и ранливите категории се ослободени од плаќање. Постапката е законска но јас како директор ниту професорите немаме никакви допирни точки“, вели Сашо Недески директор на ОЕМУЦ Св Наум Охридски.