„Напиши стих – купи кафе“ по петти пат во Охрид

Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во Прличевата одаја во четврток на 21 март во терминот од 10 до 13 часот ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .

-Тоа е наш обид  да ги натераме луѓето да бидат креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе петта година како Установа го организираме  настанот,  во Охрид, стои во информацијата од Библиотеката.

Од таму додаваат: – Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на Вашето присуство.  Во библиотеката ве чека парче хартија и топло кафе, а Вие понесете со себе куп емоции и желба да напишете сопствен стих или да цитирате нечија мисла.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани