Во ЦЈЗ Охрид нова опрема за молекуларна детекција на вируси и бактерии

Во Центарот  за јавно здравје Охрид е набавена и инсталирана нова опрема за брза и прецизна молекуларна детекција на респираторни вируси и бактерии.

-Продолжуваме посветено да се грижиме за здравјето на нашите пациенти, вложувајќи во нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, во согласност со светските трендови и стандарди.
После воспоставувањето и примената на целосно авотматизиран систем на PCR-real time детекција и определување на 14 високоризични типови на Human Papiloma Virus (HPV) и Chlamydia trachomatis, сега е   инсталирана нова опрема.  Во екот на сезона со респираторни инфекции и грипови во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид започнуваме тестирање на молекуларно ниво со Multiplex RT – PCR технологија, на вирусни и бактериски причинители на респираторни инфекции. За разлика од имунолошките техники базирани на детекција на антитела, кои се развиваат после одреден период (7 дена) по инфекцијата, молекуларната технологија која ја применуваме е погодна за детекција на акутни состојби на инфекција.
На InGenius се тестираат назофарингеален брис, орофарингеален брис и спутум, при што за само неколку часа се добиваат резултати за горно и долно респираторни инфекции предизвикани од вирусите SARS-CoV-2, Influenza A, Influenza B, Respiratory Syncytial Virus (RSV), бактериите Mycoplasma pneumoniae, Chlamydia Pneumoniae, Legionella pneumophilla.
Токму овие атипични бактерии (микроорганизми) може да предизвикаат пневмонија, уште наречена и атипична пневмонија.
Како и досега, остануваме на нашата основна заложба и посветеност за овозможување на висококвалитетна и професионална здравствена услуга со цел да се одговори на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различлни состојби, што води кон унапредување на здравјето на нашите пациенти, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани