Референтот несовесно работел во службата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј.(57) од с.Белчишта, Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“. На 27.08.2018 пријавениот, како референт во ЈП-ШПС „Галичица“ Охрид, при премер на опожарена дрвна маса, без претходно решение од надлежна комисија за проценка на квалитет на опожарената дрвна маса, извршил проценка на квалитетот на опожарената дрвна маса според којашто овозможил на Р.И. како купувач да му биде издадена испратница со повеќе дрвна маса од реалната количина, на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.