Реконструкцијата на „Туристичка“ ќе заврши пред сезона

Реконструкцијата на главната градска артерија булеварот „Туристичка“ ќе заврши пред почетокот на туристичката сезона, порано од предвидениот рок,  ветуваат надлежните.

 Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, ветува  Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој вчера  беше во обиколка на регионот.

-„Отстранети се сите оштетeни делови и најбрзо ќе се заврши. Се работи и на делницата Охрид- Подомоље во должина од 8,5 км и ширина од 7,5 метри, со буџет од 88 милиони денари, а во моментов се работи и на делницата од Евро Хотел до Радожда во должина од 4 км. Тие се посочени од нашите служби и од локалните институции како патишта од прв приоритет да бидат рехабилитиртани со цел охридско – струшкиот регион да има добри патишта, но не се заборавени ни остантите“, изјави Китанов за ТВМ телевизија. 

Засега улицата делува само раскопана, а со недели нема градежна механизација. Асфалтирањето не се очекува да биде завршено пред Велогденските празници кога Охрид се очекува да биде полн со туристи. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани