Рекорден број прекршители на полицискиот час

10 охриѓани и 7 стружани се приведени.

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, седумнаесет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-10, Струга-7).
Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Според Димоски, во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 64 контроли врз лица во изолација, четири контрола врз лицата во самоизолација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани