Реновиран ученичкиот дом во Охрид

После повеќе децении конечно е реновиран ученичкиот дом во Охрид.

Интернатот кој работи во склоп на ОУТУ „Ванчо Питошески“  во ново руво. Нови врати, кревети, маси, столови, плакари и друг мебел се дел од современиот  комодитет во кој  ќе уживаат средношколците, кои престојуваат во домот. Средствата за реновирањето на ученичкиот дом беа издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука.

Интернатот во Охрид  има капацитет да смести 120 ученици.

„Интернатот во последните година дена доста ги подобри условите за живеење. Во тек е голема инвестиција од минситерството за образование каде што инвестираат во уредување на внатрешноста на собите и подобрување на севкупните услуги.  Станува збор за голема инвестиција каде што министерството ни помага и ние дел со наши соптвени средтства“, вели Маријан Радески директор на угостителско училиште.

Во нови современи услови идните кувари и келнери ќе стекнуваат знаења и вештини. Во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ реновирана е и кујната, а ресторанот доби нови маси и столови.

„И тука во кујнскиот дел имаме реновирање значи се подобруваат условите. Мораме да ги пдообриме условите бидејќи учениците го заслужуваат тоа а со тоа стекнуваат и подобри вештини и подобри услови за работа и вежбање а со тоа ќе излезат во иднина што поподготвени и псопремни на пазарот на трудот“, вели Радески.

Во угосителското училиште годишно се запишуваат по 60 ученици. Голем дел од нив се од други градови кои се сместуваат во ученичкиот дом, каде конечно  има достоинствени  и хумани услови.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани