Во несреќен случај, утрово рибар го загуби животот на плажата „Горица“ кај хотелот Инекс.
Неофицијално риболовецот се слизнал од карпите и паднал во вода. Екипи на полицијата вршат увид на лице место, според првичните нформации немало траги на насилство.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот, но не даде повеќе инфромации.