Рибокрадец од Албанија затекнат на дело, доби забрана за влез во државата

На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26).

-Tој претходно во водите на Охридското Eзеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година,, информираат од МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани