Општина Охрид ги ослободи родителите од плаќање паушал за детските градинки.
Родителите нема да го плаќаат основниот паушал на градинките за месеците март, април, мај, јуни, јули и август.
Ваква одлука донесе Советот на општина Охрид, а родителите ја поздравија. Иако станува збор за 520 ден месечно, но во овие тешки времиња на корона криза и тоа е товар особено на родителите кои имаат повеќе деца.
Одлуката Советот на Охрид ја донесе на минатата седница.
Инаку. овој паушал е наменет за тековно одржување и за материјални трошоци на градинките.
Родителите од Охрид задоволни, ја поздравија одлуката, на иницијатива на градоначалникот Константин Георгиески.
