Руралниот туризам во охридско е во подем

Со манифестацијата „Охридска софра“ вчера во Охрид симболично се означи крајот на туристичката сезона.

Во живописното Скребатно, во атарот на еден од најубавите манастири “Света Богородица” се распалија огновите, домаќинките ги приготвуваа традиционалните вкусни јадења по рецептите на своите мајки и  баби.

 Манифестацијата,  која се одржа по  петти   пат има за цел да го поттикне  развојот на руралниот туризам, кој последниве години е во подем. Се повеќе туристите сакаат да одмараат подалеку од градските гужви а воедно и да вкусат стари традиционални јадења. 

-Се зголемува бројот на селски домаќинства  кои што  работаат во туризмот, се зголемува бројот на објекти кои што даваат  услуги во рамки на рурален туризам, со што се потврдува нашата констатација дека  има зголемена побарувачка од ваков тип на туризам, вели Гоко Апостолов раководител на секотр за туризам.  

 Охрид испиша уште една успешна сезона. Според статистиката и ова лето пораснал бројот на туристи.

– Статистичките показатели кои што ги имаме заклучн со месец јуни  се во позитивна насока, односно имаме зголемување и кај домашните и кај странските туристи. Вкупно имамем околу 11 % зголемување кај домашните и странските туристи заедно, вели Апостолов.

Единствената црна точка изминатава сезона  беа броните земјотреси во месец јули, поради кои  се очекува  намален број на домашни туристи во тој период.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани