Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет и Билјана Јанеска. Еднаш неделно објавуваме рецепти и совети со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.
,,Ние сме она што јадеме…..телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана”….
Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.
Оваа недела Ви откриваме рецепт за еден вкусен турски десерт Кескул.
Потребни состојки:
40 гр кокос
60 гр интегрално брашно
60 гр кафеав шеќер
2 лажици кокосово масло
500 мл млеко
лешници
Начин ан подготовка:
Во ладното млеко се става кокосот, шеќерот и брашното, се става на оган и се мати со жица дури да зоврие. Се додава маслото, се меша да се изедначи и се трга од огнот.Се сервира во мали тањирчиња обично стаклени и се посипува со кршен лешник.
Овој вусен десерт прв пат го пробав во Истанбул и многу ми се допадна. Но таму го прават со бело брашно, бел шеќер и путер, а јас решив да го направам на поздрав начин со интегрално брасно, нерафиниран шеќер и кокосово масло.Вкусот дојде ист, дури и многу поубав
Името на овој десерт е Ķескüл, а во другите земји се нарекува и рафаело десерт, затоа што е со кокос. Јас сепак се држам за оригиналното име Кескул.
И сепак, најважно од се како и кај сите мои рецепти, се прави за 10 минути