Синоќа во ТЦ „Амам“ во Охрид беше отворен централниот штаб на СДСМ во Охрид. На отворањето присуствуваше и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, кој се обрати на присутните.
-Во победничка атмосфера од победнички Охрид! Охриѓани вечерва испратија силна порака, напредокот мора да продолжи!
Граѓаните добро знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад. СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата, опција која носи надеж, опција која обезбедува поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Направивме многу, но знаеме дека тоа не е доволно, дека може и подобро. Со новата програма во новиот мандат, ќе обезбедиме уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.
Затоа со глас за СДСМ и за Стево Пендаровски има сигурна, подобра, европска иднина, за сите. Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од европскиот пат. Нема да се откажеме од иднината. По 8-ми мај ќе ја формираме новата Влада и ќе продолжиме со нова енергија да работиме за европска Македонија“, рече Ковачевски.