СДСМ: Реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ по Отечетот на градоначалникот Константин Георгиески

Очигледно на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и секако на нивната централа им стана удобно да се во опозиција. Критикуваат без аргументи. Без да погледаат назад и да видат и да признаат што тоа оставија во Охрид зад себе. Со ваков пристап и по вонредните парламентарни избори кога и да се случат во земјава, ВМРО ДПМНЕ – јасно е пак ќе останат, кај што се- во ОПОЗИЦИЈА, стои во рекацијата на СДСМ. 

 

Вчера сите бевме сведоци на транспарентниот Отчет на Константин Георгиески градоначалникот на Општина Охрид кој преку видео и богато електронско издание потсети на реализираните проекти во првата година од мандатот насловено: „Една година заедно“. Во него се презентирани само највпечатливите достигнувања и завршени проекти а ред други само се наброени.
ОО на СДСМ – Охрид само со честитки и респект кон градоначалникот Георгиески, неговиот тим и директорите на Јавните претпријатија и на ред други институции за сработеното и постигнатото. Докажаа како со работа и постигнувања се сака Охрид. И нема да одиме во детали само неколку факти за тоа кој гради а кој има желба да разградува и како и секогаш да манипулира со вистината.
Врв на тоа како се сака Охрид и како се работи во негов интерес е враќањето на Финансиската стабилност на општината. Благодарение на разбирањето и помошта од Владата на Република Северна Македонија, преку напорен и исклучително одговорен ангажман, по речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше 1.573.036.905 денари , во 2019 година беше сведен на ниво од 530.000.000 денари вкупен долг, со што општината ја стабилизира својата финансиска состојба и обезбеди подобар кредитен рејтинг. Ефектите се веќе видливи – поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови.
Зошто во нивните 11 години владеење Владата на ВМРО ДПМНЕ забораваше на Охрид и не им помогна на охриѓани? ВМРО ДПМНЕ одгворот треба да го побараат кај нивните челници. За разлика од нив Владата на СДСМ со респект кон сите ама има посебен однос кон Охрид кој по многу нешта го заслужува тоа.
Токму со помош на Владата започна санацијата на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. ЈП „Колекторски Систем“ со свои партнери – изведувачи веќе го санира најкритичниот дел од системот и 20 пумпни станици.Се врши и чистење на секундарната канализациска мрежа во Охрид и Струга. Нешто што не е направено од почеткот на функционирањето на колекторот.
Во тек се подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“. Проект чија вредност е 1.000.000 евра, а го реализира Општина Охрид заедно со Фудбалската федерација на Македонија.Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди и ќе има капацитет од 1480 седишта,. Во истиот комплекс се одвива и градбата на затворениот пливачки базен.
Централната власт застана зад Охрид и во борбата за зачувување и надградба на статусот на Охрид во УНЕСКО . Постепено се решаваат препораките на Мониторинг мисијата, иако ништо не е лесно. Нешто што се таложело со децении не може да смени за година –две.
Охрид конечно доби покриен – современ зелен пазар. Растоварен е стариот дел на градот и централното подрачје од сообраќај и паркирање а секојдневно со залагање на ЈП се менува ликот на градот со нови реконструирани улици, канализациска, фекална и водоводна мрежа, зеленило и уредени паркови. Наскоро – Охрид ќе има современ влез од Исток а конечно се реконструира и улицата „Абас Емин“ која со децении беше „жежок костен“ за многу градоначалници и еве токму во времето на Георгиески започна нејзиното современо уредување.
Ние од СДСМ – Охрид им порачуваме на ВМРО ДПМНЕ не плукајте по се’ што е постигнато имајте доблест и на реалноста погледнете и’ во очи. Не гледајте само тесно партиски и не пишете соопштенија со истрошена реторика од затворени кабинети. Ви стоиме на располагање заедно со компетентните лица преку една обиколка – не дека не знаете туку да се уверите што е постигнато само за една година од мандатот на Георгиески.
Еве на пример: Историското одблокирање на сметката на ОУ „Григор Прличев“ кое претходната локална власт немоќно го одложуваше и само ветуваше.Во ОЕМУ „Св. Наум Охридски“ нова спортска сала, целосно нов лик на училиштето. Во ОУ „Христо Узунов“ конечно азбестот си замина од покривот или во нашата славна Гимназија нови клупи столици и нови табли. Нов лик благодарение и на агилноста на самото училиште нов лик доби и ОУ „Ванчо Никоолески“ во Лескоец. Слични успешни зафати имаше и во ОУ „ Св. Климент Охридски“ , „Братство – Единство“ – Лескајца и во останатите училишта во општинава..
И затоа, не како што велат од ВМРО ДПМНЕ дека Георгиески треба да си замине, туку тој ќе остане за да се заврши планираното а се’ уште не реализираното.
СДСМ – Охрид и Владата на СДСМ ќе биде на страната на прогресот и на патот кон современ Охрид во секој поглед, стои во реакцијата на СДСМ. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани