Предмет на конкурсот е избор на идејно решение за целокупниот рекламен материјал на општина Охрид.
ТРОШОЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
Кандидатите ќе ги сносат сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на идејното решение, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за избор на идејно решение.
КОНКУРСНИ УСЛОВИ
Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд на комлетниот промотивен материјал.
Учесниците на конкурсот задолжително треба да достават печатен примерок и електронски примерок (pdf формат) од предложеното идејно решение.
Краен рок за предавање на конкурсните трудови е ( 30 дена од денот на објава на конкурсот)
Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши комисија избрана од Договорниот орган. Изборот на идејните решенија ќе биде објавен, најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на конкурсот.
Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик. Конкурсните материјали треба да се достават во затворен плик со назнака КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДИЗАЈН НА промотивен материјал. Конкурсните материјали треба да се достават лично во архивата на општина Охрид или по пошта на адреса улица Димитар Влахов бр. 57, Охрид.
Доколку конкурсните трудови не се спакувани како што се бара, Договорниот орган не презема никаква одговорност за ненавремено или некомплетно пристигање во архивата, губење на дел од содржината или предвремено отворање на истите.
