Екипите на ЈП „Градски гробишта“ започнаа со активности за чистење на дивата депонија во близина на муслиманскиот дел од Градските гробишта.
-Досега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут, а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот.Проблемот со оваа депонија е направен од страна на претходната локална власт поради несоодветно депонирање на градежниот шут и други видови отпад oд ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Нискоградба“, информираат од локалната власт.