Во изложбениот салон на ЦК Григор Прличев во Охрид, се отвора изложбата на фотографии во црно бела техника. Станува збор за изложба на тројца фотографи, Димче Мајкоски, Димче Коруноски и Слободан Циклески.
Фотографиите во црно бела техника се особено интересни за луѓето кои имаат префинет вкус, Ќе бидат изложени вкупно 40 дела на тројцата автори.
-„Дваесет се дела на гостинот од Скопје, и по десет на домаќините од Фото клубот, кој всушност е организатор на оваа изложба. 0152 Во клубот6 членуваат над дваесеттина љубители на фотографија меѓу нив има повозрасни, и помлади што е особено важно за опстојување на самиот клуб. Лани прославивме 25 години псотење и работиме со голема љубов и ентузијазам. За жал и по толку години ние немаме своја просторија, секогаш одговорните ни ветуваат а не исполнуваат јас се надевам и дека наскоро ке имаме свои простории“, вели Ѓоко Симјаноски од Фото клубот Охрид.
Охрид е непресушна инспирација за фотографите, уметниците сликарите. Денес дигитализацијата и современите апарати овозможуваат лесно да се овековачат мигови и детали.
-„Денес фотографирањето може да го направи секој малку ако ја сака убавината на својот град или одредени детали со својот телефон да ги направи тие да бидат вечни, а да не зборуваме за оние кои употребуваат фотографски апарати и разно разни техники освен тоа денес дигиталната фотографија овозмужува да изгледа таа прекрасно. Секоја колоритна фотографија може да биде и црно бела а љубителите на фотографија треба само да се испробаат“, вели Симјаноски.
Од Фото клубот Охрид велат добиваат поддршка од локалната самоуправа, само им недостигаат простории.
Новинар Соња Рилковска
,