Се излеа дел од Велгошка река

Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавен е локалниот пат  покрај неуреденото корито на каналот.

  Водата  им стигна пред  дворовите  на околните куќи . Жителите  стравуваат, доколку продолжи додливото време  ќе им ги  поплави и  куќите и  нивите .

 Причнина за излевањето е неисчистеното корито обраснато со треви, трње и отппад. Жителите направија импровизирана брана за да ја пренасочат водата.

– „Ова е селски пат. Има три функции, служи за поминување на селаните, има канализација, оваде  има шахти. Поголема вода и еве прелива наваму ни дојде и морав да го направам тоа времено да се заштитиме“ ,вели Петар Тодороски жител на Велгошти за ТВМ телевизија. 

Не е прв пат да се излее коритото на реката. И во минатото при дождливо време им се случувало истото.  Месната заедница од Велгошти побарала од општина да се исчисти и уреди кракот од каналот во должина од 50 тина метри, но велат биле одбиени.

„Најзагрозени сме ние, водата ни влегува дома не може да се помине ќе снимате нагоре ќе видите. 0048 Не е исчистено коритото нагоре, треви има трње,  шипинки не знам што нема. Се јавив во општина дадовме и таму молба. Рече ќе дојдат ќе видат што е еве со месеци чекаме. Реагиравме додека беше убаво времето. Неколку пати ни се поплавил дворот“, вели Надица Тодороска жител на Вегошти. 

 

Од општина Охрид велат п охридски комуналец редовно ги одржува и два пати годишно ги чисти речните корита. Велгошка река последен пат е чистена пред три месеци.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани