Се намалуваат евтините авиолинии од охридскиот аеродром

Оваа летна сезона ќе биде намален бројот на евтини авио летови  во земјава. Од 31 март, со летниот распоред се очекува укинување на одредени  дестинации. Во недостаток на официјални иинформации, се зборува дека евтината авио компанија,  планираниот  обем на сообраќај  на охридскиот аеродром ќе го  намали за 48% додека на скопскиот за 25% .

Моментално Виз Ер од Охрид, согласно  зимскиот распоред има  летови  само за Виена, Дортмунд и Менинген,  а од  Меѓународниот Аеродром Скопје, достапни се 27 дестинации.

Граѓаните рагираат велат ќе им се скратат можностите за патување и да посетат дел од пријателите и семејствата во странство.

-Еве јас имам патувано за 20 евра и 20 евра за 40 евра Шведска одев, Сега зошто нема тоа не можам да сфатам нека биде и 50 евра не е скапо, но укинувањето ни ги скратува можностите за патување.

– Не е во ред укинувањето на тие линии затоа што се очекува поголема навала на туристи од цела Европа , а треба да има повеќе авиолинии.

-Не е убаво да се прекинуваат линиите. Охрид е најпознат, оваа година најмногу имаше туристи од секаде.

Намалувањето на авиоконекциите се лоши вести за туризмот. Хотелската асоцијација смета дека тоа  ќе има негативни последици врз туристичката индустрија.

-„Наместо да имаме зголемување на летови ние имаме намалување на летовите. Нашиот аеродром овде е повеќе време затворен отколку што е отворен, бројот на летови што се одвиваат на охридскиот аеродром е премал за овој капацитет на хотели и населени што живее овде“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Од охридскиот аеродром   укинати се евтини летови и за Лондон, Базел. Милано  и Малме, но од мај стартуваат сезонските чартер летови од Холандија, Полска, Англија и Србија.

Вкупниот број на патници  во првите два месеци годинава, на двата македонски аеродроми  е 432.678 што е зголемување од 40 отсто во споредба со лани.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани