Под мотото Туризам и мир и денес се одбележува Светскиот ден на туризмот. Во Охрид по тој повод на ФТУ се одржува Меѓународна научна конференција.. Целта на Агенцијата за подрршка и промоција на туризмот е создавање на конкурентна туристичка дестинација.
-Светот размислува за длабока поврзаност на туризмот и мирот, а земјава се наодлонува со темата во контекс на одржливиот туризам, кој може да ги транформира заедниците преку создавање работни места поттикнување на вклученоста и зајакнување на локалните економии. Со зачувувањето на кутлрунто и природното наследство исто така може да се намалат тензиите ид а се сочува соработка и мирен развој со соседните земји. , вели Билјана Стефаноска директор на АППТ.
Новата директорка на АППТ, Стефаноска вели земјава во последните години бележи позитивен тренд на туристички промет но тоа не значи и развој. Потребна е стратегија за развој на одржлив туризам во која основа ќе биде зашттата на животната средина.
-Земјата ќе мора да инвестира и псоветено да работи за да се етаблира вкако бренд, идентитет и дестинација што е од круцујално значење но и основа за туристичка промоција. Светскиот ден на туризмот е воспсотавен со цел подигање на свеста за важноста на туризмот и енговите општествени културни политички и економкси вредности. Во таа насока иднината на македонскито туризам е во развој на кутлурниот транзитниот, руралниот еко туризмот како промоција на одржливото и одговорно патување и заштита на животната средина и културното наследтсво“ -, додава Стефаноска.
Од Агенцијата за промоција на туризмот најавуваат дека ќе се работи на привлекување на туристи од нови пазари но и воведување на нови авио линии.
-Треба да се фокусираме на отворање на нови пазари , нови гости.летовите се од големо значење, знаеме дека Виз ер ги намали бројот на летовите. Прво на што треба да работиме е Национална стратегија но сепак таа стратегија мора да биде дел од големата стратегија која ќе ја креира владата. Туристичката стратегија треба да биде во склоп со таа стратегија, додава Стефаноска.
Македонија изобилува со туристичките локалитети и атракции, според Стефаноска треба засилено да се работи на промоција на древното културно, историско и природно наследство за привлекување на што повеќе туристи.
Новинар Соња Рилковска