Започнува работниот дел од посетата на Орбан

Денеска започнува работниот дел од дводневната посета на унгарската делегација на чело со премиерот Виктор Орбан. Вчера попладнето македонската делегација предводена од домаќинот, премиерот Мицкоски со низа почести ја пречекаа унгарската делегација на охридскиот аеродром.

Во фокусот на работната среба се очекува да биде билатералната соработка, евроинтеграциите, економијата,енергетиката, надворешната трговија, продлабочување на децениската пријателска соработка меѓу двете земји. договорот за специјална економска соработка доделениот кредит од 500 милиони евра од кои 250 милиони за развој на стопанството и 250 милиони за капитални проекти во општините. Важно е да се напомене дека Унгарија од 01 јули претседава со ЕУ, а пораките се дека приклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе бидат додадена вредност во ЕУ. Унгарја дава поддршка и најави дека ке вложи сите напори за земјата забрзано да чекори кон патот кон ЕУ.

Се очекуваат плодни разговори и заеднички иницијативи, вели премиерот Мицковски.

Покрај работната средба унгарската делегација ќе има можност да се запознае со културно историските знаменитости во градот. Предвидена е посета на црквата Св Богородица перивлепта, Античкиот театар , положување свежо цвеќе пред споменикот на Св Кирил и методиј. и посета на манастирскиот комплекс Св Наум Охридски.
Градот е под силно полициско обезбедување на сила е вонреден сообраќајен режим. Времено затворање за сообраќај има низ централните улици и во Стариот дел на градот, како и на патот кон Свети Наум и охридскиот аеродром.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани