Се одлага отпад на вредните археолошки локалитети

Еден од највредните археолошки  локалитети  „ Горна Порта“ во Охрид деновиве   затрупан со  градежен шут.

Несовесни граѓани   расфрлале тули и земја  на местото каде во минатото е пронајден еден од најскапоцените  артефакти во земјава.  Во ископините беше откриена  златната маска, златна ракавица, сребрени предмети  и килибар со  непроцелива културна историска вредност.

Просторот е необележан и  обраснат со трње, а се користи и како паркинг за локалното  население.

„Овој археолошлки локалитет служи како паркинг и како депонија за локалното население. Државата не води никкава грижа се` е оставео така“ вели Никола Паскали археолог.

 

Општината го расчиси отпадот и  го осуди несовесното однесување.

-„Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура“ повика градоначалникот. 

„Ние веќе не го заслужуваме ова. Треба да се разбереме дека ова не е само наше туку на цел свет ние потрфливме како општество и како држава.“,  вели  Паскали.

Директорката на Завод и Музеј    појаснува дека градежниот шут,  одложен  од страна на несовесни граѓани  бил  на локација која е приватен имот и тие се немоќни да реагираат.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани