Се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Во НУ „Григор Прличев“ во Охрид денеска се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.

На натпреварот учествуваа 15 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.


Резултатите од натпреварот ќе бидат познати во текот на следната недела а најдобриот ученик ќе ја претставува општина Охрид на Републичкиот натпревар во Демир Хисар.
Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани