Во Струга денеска се одржа втората Трка на поезијата.
Годинава учество зедоа околу 1000 спортисти рекреативци.
-По втор пат имаме ателетска трка, на 5 и на 10 километри. На наше големо задоволство годинава имаме над 1000 пријавени тркачи. Атмосферата е одлична, верувам сите ќе имаме еден незаборавен спортски момент. Во детската трка учествуваат 120 дечиња, вели Мими Стојаноска здружението „Спортски мостови“.
Три децении Струга немаше градска трка. Ентузијастите лани ја организираа првата спортска манифестација, која преминува во масовен спортски настан.