Се отстрануваат палмите од охридскиот кеј

 

Палмите заминуваат во историјата. На нивно место ќе се садат автохтони дрвја.

Тоа е дел од препораката на Унеско. 

 

-„Во согласнот со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија  41 COM 7B.34 ), Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог (Бр. 09-7197/1) до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот „Македонија” и на потегот од каналот „Студенчишта” до поранешен хотел „Парк”“, информираат од општина Охрид.

Службите на Јавното претпријатие веќе ги имаат започнато активностите на терен и информираат дека како замена за отстранетите палми ќе бидат засадени дрвја од видовите: јавор, јасен и ликвидамбер.

Инаку палмите беа засадени пред околу шест години. Голем дел од дрвата имаа проблем со климата. Една плама своевремено чинеше 500 евра. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани