Се отвора Иновативен хаб на ФТУ

Фонд за иновации и технолошки развој денеска ќе го означи  свечено отворање на Иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид и презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион, денес во 12 часот на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид (Кеј Македонија 95, Охрид).

-„Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската Комисија, застапувана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).

Проектот се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу старт-апи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и старт-апи во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст“, информираат од Фондот за иновации.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани