Се преврте кајак, спасени две малолетни деца

Се преврте кајак со две малолетни деца.

На 08.07.2024 година во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.
По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата,  забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со  полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани