Заврши изработката на првиот хуманоид – робот во земјава

Во Охрид заврши изработката на првиот робот – хуманоид во земјава. Роботот кој е во димензии и наликува на човек ги инкорпорира сите функции на груба и фина роботика  и лесно може да учи од однесувањето на човекот. Да се надградува и усовршува  во професионален контекст.

Тоа ќе биде првиот робот во земјава кој што ќе биде ставен во во оператива да работи во одреден сектор. Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор, вели професорот Анис Сефиданис креатор на првиот хуманоид во земјава и регионот.

– „Сигурно ќе најде примена во многу области, прво е туризмот и угостителството знаеме дека човештв ото надмина 8 милјарди луѓе светкса популација и туризмот е една од гранките во експоненцијален раст со тоа што тргнувајќи од дома па и во другите држави се соочуваме со недостиг на кадар така што работите се конципирани да го заменат човекот во тие физички и репетитивни активности да можат евентуално да ни остават повеќе слободно време за себе си“, вели професорот Анис Сефиданис од УИНТ Св Апостол Павле Охрид.

После паметниот споменик на прличев, неодамна беше создаден втор споменик, наречен виртуелен патник на иднината во форма на атсронаут со природни димензии на човек, кој  е ставен во стаклена призма и носи предвидувања односно предупредувања од иднината.

-„Всушност се работи за триметарски тотем , ова е уште еден прозивод волинијата на иновации во областа на дигиталната хуманост , првиот беше виртуелен Прличев, сега иамме еден универзален лик кој може да достигне до поширока публика но со сити цели од локалното кон глобалното. 0206 Покрај дигиталната хуманост има примена во образование веќе е поставен во УИНТ Свети Апостол павле а студентите имаат можност да бидат во интеракција со него да учат на различни теми. На лик интеракција со Чет Џипити. Може да му се обратите на било кој јазик и ќе ви одговори на истиот тој јазик“, појаснува Сефиданис.

Првиот македонски хуманоид робот ќе биде промовиран за празникот Илинден, а после промоцијата може да служи кафе или  да подготвува јадење.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани