Се расчистува патот кон Велестово

Ј.П.„Охридски Комуналец„ континуирано се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон С.Велестово.

Денес повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот дел покрај коловозот.

Со цел повисок степен на јавна чистота во стариот дел на градот по улиците : „Илинденска„ , „Кузман Капидан„ , „Коста Абраш„ и „Цар Самоил„ се поставени нови 15 канти за депонирање отпад со капацитет од 240 литри.

Се уреди просторот и патниот правец до црквата Св.Наум во С.Лескоец.

Во пресрет на триатлонот кој ќе се одржува претстојниот викенд во Охрид, по барање на организаторот се уредуваа патеките каде истиот ќе се одржува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани