Се решава децинскиот проблем со водоснабдувањето и недостигот од вода за пиење, со кој беа соочени жителите на Село Горно Коњско, информира градоначалникот Константин Георгиески.
Изграден е нов резервоар за вода со капацитет од 100 метри кубни по сите современи стандарди за водоснабдување. Вредноста на инвестицијата е 1,8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Наскоро ќе започне и изградбата на ист ваков резервоар за вода и во селото Подмоље, информира Георгиевски.
