Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ „Христо Узунов“.
Во рамки на раконструкцијата ќе биде извршена промена на водоводната инсталација, ќе биде поставена нова санитарна опрема и плочки.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Според планираното, во текот на наредниот период во ова основно училиште ќе биде извршена целосна промена на дограмата и ќе бидат реконструирани подовите во сите училници. Минатата година, со средства на Општина Охрид беше извршена промена на покривот на училиштето.