Се врши рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на градот.
Деновиве се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. На деловите каде што има поголеми оштетувања се поставуваат нови гранитни плочки. Во наредниот период планирано е да биде извршена и рехабилитација на други улици каде што се евидентирани оштетувања. Се очекува да бидат рехабилитирани и прередени 2500 метри квадратни. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,2 милиони денари, информира градоначалникот Константин Георгиески.
