Синоќа точно на полноќ со огномет и весела атмосфера вевчанци ја дочекаа Сурова Нова година.
За убавиот амбиент се погрижија Дамјан Стојановски, Татијана Стефановска и Дувачки Оркестар – Весела Дружина.
Денес со последното Василичарско оро спушта завесата на Вевчанскиот карневал. Традиционално денеска во 14 часот се палат маските.
Тоа е последниот обред од низата обичаи кои вевчанци верно ги негуваат со векови.
Инаку овие денови во Вевчани повторно продефилираа безброј интересни маски кои ја отсликаа денешната политичка и општествена состојба. А во отворениот театар без граници уживаа илјадници гости од земјава и регионот.
Соња Рилковска
