Се укинува пролетниот распуст за учениците

Учебната 2024-2025 година ќе започне на 2 септември (понеделник) и нема да има пролетен распуст за учениците.
-Министерството за образование и наука направи легитимна анкета на која граѓаните го кажаа своето мислење. Мнозинството родители, ученици и наставници се изјаснија дека не сакаат пролетен распуст како во изминатата учебна година, а потоа и продолжување на наставата по 10 јуни. МОН прашалникот го испрати до училиштата, а воедно и јавно беше достапен со цел, сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење и да се донесе транспарентна одлука, информираат од Министеррството за образование.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани