Деновиве екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” се ангажирани на хортикултурно уредување на новата пешачка патека покрај каналот „Студенчишта“.
Засадени се 400 трендафили, направена е тревна површина, засадени се зимзелени садници и дополнат е дрворедот со албиции и брези.