Охриѓанец и стружанец агресивно се однесувале кон полициски службеници.
На 04.04.2022 година во 03,55 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е И.М.(33) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај охриѓанец удрил во ограда и се карал со полицијата.
На 03.04.2022 година околу 05 часот во СВР Охрид приведен е Ф.К.(30) од Охрид. Тој, претходно на кружна крстосница помеѓу булеварите „Туристичка“ и „Јане Сандански“ во Охрид, со патнички автмобил „Фиат Панда“ со охридски регистарски ознаки, удрил во електричен столб и во заштитната ограда по што, физички им се спротивставил на полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
