Во еден ден казнети стотина возачи во Охрид и Струга

 

Во еден ден казнети стотина возачи во Охрид и Струга. 

 

На 03.04.2022 година од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници во Охрид, затекнале и санкционирале 73 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (48-надвор од населено место, 25-во населено место), во Струга 32 возачи возеле со поголема брзина од дозволената (05-надвор од населено место, 27-во населено место), во Кичево, затекнати се 32 возачи (02- надвор од населено место, 30-во населено место), во Дебар 07 возачи ја надминале дозволената брзина на движење (05 надвор од населено место, 02-во населено место), информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани