Деновиве со поддршка на Општина Охрид се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“.
Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците. После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид, информира градоначалникот Константин Георгиески.
