Утрово започна уривањето на хотелот „Грин Спејс“ во Охрид. Хотелот се наоѓа во близина на брегот на езерото на 3 км од Охрид на патот кон Струга.
Акцијата на хотелот кој е дивоградба е во склоп на акцијата на општина Охрид за ставање ред на плажите и расчистување на крајбрежието од дивоградби.
Хотелот „Грин Спејс“ започна со работа минатото лето.