Уште неколку дена остануваат за пријавување на бесплатната обука за спасител на отворени води, која во организација на Црвен крст Охрид и под водство на национални инструктори за безбедност на вода ќе се реализира од 20-27 јуни 2022 г.
Сите оние млади, хумани луѓе кои се на возраст од 18 до 35 години и успешно ја завршат осумдневната обука за спасител на вода, ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат за спасител на вода и ќе бидат дел од Единицата за безбедност на вода при Црвен крст Охрид која се грижи за безбедност на корисниците на капалиштата на Охридското езеро.