Ватерполо ветераните на клубовите Вардар-Скопје, Челични- Штип, Струга-Струга, Охридски бранови од Охрид, како и гости ватерполисти од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, по повод и во пресрет на празникот Денот на независноста на Р. Северна Македонија, на 7 и 8 септември на Градското пристаниште во Охрид ќе одиграат ревијален ватерполо турнир со хуманитарен карактер.
Натпреварите започнуваат во сабота во 12 ч, и во недела во 11 ч.
Овој хуманитарен спортски настан е во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови-2008 Охрид, во соработка со Општина Охрид и Црвен крст Охрид.
Ги покануваме нашите сограѓани и гости, љубителите на ватерполото, повозрасните да се препуштат и ни дозволат да им ги разбрануваме спомените на времето кога во Охрид се играше ватерполо, а на младите да им иницираме интерес и љубов кон овој спорт. Хуманите посетители на овој спортски настан ќе можат да донираат во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на Градското пристаниште, а собраните средства ќе бидат наменети за купување на школски прибор за децата од ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.