Село Лакочереј со слаб притисок во водоснабдувањето

Повеќе од две седмици село Лакочереј има прекини  и слаб притисок во водоснабдувањето. 

Жителите се жалат од „Проаква“, каде го пријавиле проблемот а надлежните не презеле ништо.

-„Повеќе од две недели  се сочуваме со проблеми со водоснабдувањето. Премногу е слаб притисокот и не може непречно да се користи водата. Откако јавното претпијатие „Проаква“ го презеде стопанисувањето со водоводот се соочуваме со повеќе проблеми. Бараме да се ндминат проблемите итно“, велат жители од Лакочереј во изајва за Охриднет.

Од РЕ Водовод Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес, од 08:30 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Јордан Мијалков“, а исто така има намален притисок во населбата Бејбунар, селата Лескоец, Велгошти, Лакочереј и во населбата Црногорци.

Social profiles