СЕММ: Висок степен на корупција во онлајн медиумите

Висок степен на корупција во онлајн медиумите.

Причина е нискиот економски стандард и борбата за опстанок на медиумите. Ова се дел од податоците во истражувањето кое го спроведе консултантската куќа ДеСо на барање на Советот за етика во медиумите во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, а вчера беа презентирани пред медиумските работници во Југозападниот регион во земјава. На Презентацијата на наодите од истражување за перцепција од корупција во онлајн медиумите, зборуваше Лилјана Пецова Илиевска, извршна директорка на СЕММ. – СЕММ донесе одлука Комисијата за жалби да одлучува и по однос на жалби поднесени од граѓаните, кои не се однесуваат на медиуми членки на Регистарот на професионални медиуми и Советот за етика. За оние кои се членки ќе се носи одлука, додека за останатите ќе се дава мислење. Целта е да се зајакне саморегулацијата и да се одговори на поплаките на граѓаните, рече Илиевска. Во услови на сиромаштија, медиумот е принуден да преживува и следствено, е поподложен на корупција. Кај новинарите, влијаат ниските примања, но и лошите работни услови; додека кај сопствениците и уредниците е општо недостигот на редовни финасии за медиумот. Податоците се дел од анкети спроведена онлајн со 21 медиум селектирани по случаен избор. Испитаниците ги посочуваат политичките партии како една од главните причини за корупција во онлајн медиумите. Општата нефункционалност на системот е наведена како една од главните причини поради кои се јавува корупција во онлајн медиуми. Корупцијата во медиумите е светски проблем, за кој треба гласно да се зборува, рече Горан Лефков. -Корупцијата во медиумите е сеприсутна. Мора да се работи на изнаоѓање на начини за искоренување и намалување. Саморегулацијата сепак сметам дека е најдобриот начин, ниту една друга земја нема изнајдено друг модел, рече Лефков модератор на состанокот Понекогаш иницијативата за коруптивни практики потекнува од самиот онлајн медиум, но не само преку нудење на онлајн простор и текстови, туку и преку уцени. Според некои од испитаниците, во вакви случаи целта може да биде изнудување пари од власта. Односно, кај одредени онлајн медиуми, се пишуваат негативни прилози со кои потоа медиумот уценува дадени политички структури или политички претставници за да се стекне со финансиски средства. Еден од поодржливите предлози за борба со корупцијата во онлајн медиумите од страна на испитаниците е формирање на т.н. независен национален фонд за медиуми, кон кој пристап би имале сите медиуми на транспарентен и правичен начин. При постоењето на таков фонд, медиумите би можеле да понудат предлог и да добијат средства за да создадат квалитетна содржина. Во С. Македонија, постојат околу 150 – 200 домашни дигитални медиуми. Речиси 80% од публиката се информира од интернет.Со оглед на овој податок, онлајн медиумскиот простор бара посебно внимание.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани