Неодговорни и несовесни возачи возат пијани.
Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, во текот на вчерашниот ден, сообраќајната полиција имала засилени контроли во Охрид и Кичево.
– Синоќа, во периодот од 17 до 23 часот, при извршени сообраќајни контроли за алкохол, полициските службеници во Охрид констатирале дека еден возач го управувал своето патничко моторно возило под дејство на алкохол. Во Кичево двајца возачи биле затекнати при управување патничко возило под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се сообраќајните документи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави портпаролот Димоски.
