Шалтерот на општинската архива со полни раце работа

Шалтерот на општинската архива во Охрид  со полни раце работа. 

 

Речиси еден месец поради актуелната состојба со коронавирусот и зголемениот број заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, општинската зграда е затворена за посети на странки.

Сите надлежни служби  работат непречено, а граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги се обраќаат  на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, што се достапни на општинската веб-страница. 

Но за граѓаните секојдневно достапен е  шалтерот  на општинската архива. Таму има пет вработени лица до кои граѓаните  писмено да се обраќаат. 

 

Со заштитни маски, пријатни и услужливи вработените комуницираат со граѓаните. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани