Продолжува штрајкот на вработените во основното и средното образование.
Од денеска градинките ќе ги примаат децата од предучилишна возраст. Синдикатот на образованието, науката и културата останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4% и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 12%.. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 вчера се изјаснија за продолжување на штрајкот.
Во Охрид 87,13% членови на синдикатот се изјаснија за продолжување на штрајкот, само 7,5 % беа против и 5 % воздржани.
Во однос на градинките, Советот на СОНК одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување.
Реагираше министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој вчера ги повика директорите на училиштата да ги отворат вратите на училиштата и да организираат настава согласно законите, велејќи дека имаат „надлежности и одговараат за нив“, а на родителите им порача да ги пратат децата на училиште.