Последниот земјотрес денес во 13 18 минути со јачина од 5,1 степен и епицентар на 6 километри северно во Охрид во близина на Куратица ги вознемири охриѓани.
Илјадници граѓани и туристи преплашени и вознемирени излегоја на улиците. Тлото не мирува. И ноќеска точно во 3 54 минути, силниот потрес со јачина од 3,7 степени, ги разбуди граѓаните на Охрид и околината, но и бројните туристи.
-Не не сме исплашени во Холандија ние исто имаме земјотреси.Вчера бевме на планина го почуствувавме а вечерва во кревет, вели една гостинка од Холандија.
– Мислам 03 54 муинути беше краток. Се исплашивте. Плашење и тоа многу. Сега ке одам да видам во станот нешто да не има штета, бидејки слушав кажуваа дека кај историски архив негде имало ѕидови испукани, вели една охриѓанка.
Тлото во охридско не мирува веќе две недели. Се случија повеќе 800 земјотреси од кои педесетина со средна јачина од 2,5 до 5,1 степени. Нјасилен беше денешниот потрес во 13 18 кој бил на длабочина од 10 километри. Според експертите на станува збор за афтер шокови, туку рој на земјотреси со различна јачина.
– Последно време е збунувачки, бидејќи не се оние афтер шокови како што ги викаат бидјеки нема намалување, односно има намалување а потоа пак зголемување на јачината што во секој случај како што сум информиран тоа од ИЗИС ко коментираат како рој на земјотреси со средна големина, вели Митко Темелкоски раководител на ЦУК Охрид.
Досега до центарот за управување со кризи само за половина час пристигнаа десетина прјави за штета. Испаѓани оџаци и распукани ѕидови.
-Досега имаме само три јавувања со оштетувања на објекти две се од село Лескоец и едно е од Охрид. Истите се преупатуваат на општинската администрација односно да поднесат барање за увид и процена на штета до општинската комисија, додава Темелкоски.
Од 18 јуни до денес на шест километри североисточно од Охрид во зоната на селата во Косел, Скребатно и Крушје ресенско постојано е изложено на земјотреси. Потресите се со интензитет од 2 до 5,1 степени. Надлежните апелираат граѓаните да не паничат и да ги следат препораките од брошурата на црвениот крст „Како да се заштитеиме од змејотрес“.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5