ОБНОВЕНО: 22 годишно момче се удави во Струга

Безживотно машко тело, денеска во 12 часот и 50 минути е забележано и извадено од водите на Охридското езеро на плажата „ Машка плажа“ во Струга.

Телото се наоѓало на дното на езерото, на околу три метри длабочина и на оддалеченост од околу четиристотини  метри од езерскиот брег. Го пронашле и извлекле спасувачки екипи од Црвениот Крст Струга.

-По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е  Јетон А. (22) од гостиварското село Градец. Тој, околу 12 часот, во езерските води, заедно со уште едно лице, влегол со педалинка и се оддалечил од брегот а потоа скокнал од педалинката со цел да се капи и плива. Во следниот момент, започнал да бара помош а потоа почнал да тоне. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Неодамна кај Пештани беше изваден давеник кој за среќа по брзата интервенција беше спасен и пренесен на КАРИЛ во Скопје а пред речиси еден месец на плажата кај Сараиште, беше извлечен повозрасен маж од Охрид кој исчезна во водите веднаш откако влегол во езерото.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани