Илјадници верници од синоќа во манастирот „Свети Наум“

Илјадници верници по традиција го преплавија манастирот Свети Наум Охридски. 

Од вчера попладне, преку цела ноќ до денес верниците од сите краишта на земјава но и сосена Албанија се поклонуваат на моштите на светителот. 

Манастирскиот комплекс  Свети Наум е духовно светилиште каде секој ќе се очуствува поблиску до Бога.

Бог на ова место  бил  премногу дарежлив ги дарил сите рајски убавини  облеани  со духот  и светоста на ангелите. Издигнат на висока карпа над синото  езеро манастирот го изградил климентовиот соработник, Наум – чудотворецот. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо…… Древната црква  исполнета со  духот на светецот –  чудотворец, иконите,  фреските, гробот со моштите на светителот  ќе ве направат да се почуствувате  излекувани од сите болести……

Од една страна сино  езеро и песочна плажа а од друга живописните недопрени извори на Црн Дрим рајска убавина подарена од Бога на земјата….

Секој кој сака мир и божја благодат може да ја почуствува и добие  во манастирскиот комплекс……Посетете го гробот на светителот, помолете се ….побарајте ќе добиете…….

 Што велат легендите?

Една легенда зборува дека св. Наум и св. Климент биле браќа и се договориле заедно да изградат два манастира на спортивните краишта од Охридското езеро. Притоа, двајцата светци требало да започнат со изградбата на манастирите во исто време, а почетокот на изградбата требало да биде изначен со звукот на ѕвончето. Меѓутоа, на јажето коешто било оптегнато преку езерото застанале галеби, па ѕвончето заѕвонило и св. Климент ја започнал изградбата порано. За казна, подоцна, неговиот манастир на Плаошник бил претворен во џамија. Друга легенда зборува дека св. Наум ги држел клучевите на Охридското езеро, а по неговата заповед, водата на Црни Дрим минува низ езерото без да се помеша со езерската вода.

Во врска со изградбата на манастирот, една легенда зборува дека св. Наум патувал некаде и преноќил на имотот на некој богат човек, кој му се пожалил дека е несреќен, бидејќи неговата ќерка била ќелава. Тогаш, св. Наум направил ќерката да добие коса, а во знак на благодарност, богатиот човек му го поклонил имотот на светецот. Подоцна, на тој имот, св. Наум го изградил својот манастир…..

За чудата на светителот

За чудата на светителот сме читале и пишувале….. безброј чуда на лекарот, светителот, учителот, писателот, исцелител, спасител  и големиот духовник  одзвонуваат  по сините бранови од  Љубаништа преку Калишта се до Поградец……

Меѓу преданијата и легендите се раскажува и за канењата за панаѓурот, за лебот што се давал пред манастирската порта, а што бил и гаранција за патниците да не бидат ограбувани од разбојниците, за тоа дека св. Наум ги благословил плуговите од Трпејца, воловите од Тушемишта, се раскажува за Охридското Езеро, за лековитиот извор, зошто во Љубаништа не паѓа град, за почитувањето на манастирот од Бекташите, од Еѓупците, за лекување на болни од страна на св. Наум и тоа од најразлични болести, (неми, слепи, луѓе што не можат да одат, душевно болни, итн.). Среќаваме и преданија со верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши, или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе зашто тогаш бил близу и дошол, а ако бил подалеку можело да се случи манастирот да биде претворен во џамија или да бил одземен од страна на бегот.

 

Се раскажува и за повеќе диви животни што откако направиле штета светецот ги донесол на манастирскиот имот да ја одработуваат штетата. Мечката што го изела волот самата се прегнала да ора додека не се исплати изедениот вол. Кон преданието „Св. Наум и мечката“ Кузман Шапкарев додал: „Слични приказнички и преданија за св. Наумовите чудеса изобилуваат во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението без разлика на вера и народност кои ги манифестира кон св. Наума“. Во некои преданија се работи за волк што ора на местото на волот, а во едно предание волкот што ги изел кучињата самиот дошол да го чува манастирот. А кога манастирските момци го отепале, игуменот ги прекорил зашто тој бил доведен од светецот „за да биде жив сведок за силата на свети Наум“. За преданието за свети Наумовата мечка, но и за интернационалната димензија на мотивот споредбена студија објави словенечки фолклорист Милко Матичетов. Итн.

До ден денешен на Свети Наум се поклонуваат и  муслиманите

Познато е дека на гробот на свети Наум доаѓале и луѓе од други вери, особено муслиманите од Македонија и Албанија. И во писмото што попот Сотир од Љубаништа го носел во областите Подунавје и Романија каде што собирал помош за манастирот се вели: „Притоа знајте господо дека овој свет и на народот корисен манастир, спрема кој Вие го негувате Вашето почитување и верност, па дури и самите неверници достојно го почитуваат и сакаат, како што на сите Ви е познато, уверени во благонаклоноста на оваа надеж…“ Кога се вели неверници се мисли на припаднците на други вери, пред сè, на муслиманите.

Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите Бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат „Сари Салтик баба“ што преведено од турски значело жолтобрадиот татко. Според едно предание, еднаш кога дошле на гробот на свети Наум, неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Кога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.

Интересен бил и начинот на кој се молеле Бекташите (муслиманска секта). Тие кога ќе дојделе во манастирот чевлите ги оставале пред манастирската капија и до црквата се доближувале со метании. На враќање излегувале наназад секогаш свртени со лицето кон црквата и пак со метании.

Празнување

Благодарение на чудотворнота на св. Наум, неговиот манастир стекнал голема популарност. Првобитно, во манастирот се одржувал панаѓур на денот на неговата смрт (23 декември, т.е. 5 јануари според новиот стил), но на 5 мај 1720 година, архиепископскиот совет во Охрид решил празнувањето да се префрли на 20 јуни (3 јули по новиот календар). Причината за тоа била наведена во посланието на архиепископот Јосиф од 21 мај 1740 година, во кое се вели дека поместувањето било направено поради зимските услови, како и поклопувањето со прославата на Божик. Празнувањето на св. Наум не престанало дури и за време на комунистичката власт. Така, Министерството за внатрешни работи на Демократска Федерална Македонија, на 14 јуни 1945 година, напишало допис со кој било дозволено „да се отвори границата за сите што доаѓаат за празникот во манастирот“, со што им се овозможило на верниците од Албанија да присуствуваат на панаѓурот.

Во манастирот „Св. Наум“ до 1941 година секој ден се печеле по две фурни леб. Според едно предание, пред портата на манастирот, секогаш седел некој од манастирските луѓе и на секој човек кој ќе поминел му давал по еден леб. Потоа, тој што ќе зел леб, им давал по еден залак на домашните, како и на луѓето кои ќе ги сретнел. Оние кои патувале за Албанија, ако биле пресретнати од качаци, штом ќе го покажеле лебот со втиснат знак од манастирот, веднаш биле ослободувани. Исто така, кога игуменот ги испраќал калуѓерите да собираат придонеси за манастирот, тој им давал повеќе вакви лебови, кои тие им ги давале на гладните луѓе…..

Сите вие кои барате духовен мир…. посетете го  ова божествено светилиште, клекнете пред гробот на светителот и почуствувајте  ја моќта на Бога ……

 

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани